MАК ВИКИНГ е компанија која е генерален застапник на подрачјето на југоисточна Европа, поточно сите бивши YU - републики, Бугарија и Албанија за 6 странски фирми:
Компанија која завзема централно место во нашето целокупно застапништво. Светски реномирана компанија, со традиција од над 60 години, која има голема соработка со познати светски гиганти како: SIEMENS, NISSAN Motor Uk, BOSH SA, MAXELL, BASF Corp., DAEWOO, EVIAN и многу други. Една од водечките европски компании во пластичната индустрија која произведува широк дијапазон на машини и постројки како што се за :
-
транспортирање на гранулат со капацитет 5-2000 kg/h;
-
гравиметриско и волуметриско дозирање на гранулат и мастербач;
-
затворен систем на сушење на гранулат со сув воздух од 50 m3/h до 1500 m3/h, температура на сушење од 60°C до 180°C и остаток на релативна влажност до 0,02%;
-
централен систем за транспортирање на сушен и обичен гранулат;
-
Конти-кристализатор за континуирано кристализирање на гранулат (аморфен PET гранулат;
-
метал сепаратор - пулсотроник за отстранување на сите видови метали кои се наоѓаат во гранулатот.
LABOTEK има преку 40 дистрибутери и агенти во целиот свет, а најмногу опрема на LABOTEK има во автомобилската индустрија: FORD, AUDI, BMW, VW, итн.
www.labotek.com
Компанија која постои од 1959 година, се развива како специјализирана во производство на периферна опрема во пластичната индустрија и индустријата за хартија и прераснува во лидер во процесот на менаџмент со отпадниот материјал од овие индустрии што овозможува чиста работна и животна околина. Со своите капацитети во Данска и Канада, професионалноста и стручноста на сите вработени во компанијата, Kongskilde постојано се шири и во светски рамки,за кое најмногу говори фактот што е присутна во повеќе од 30 земји во светот и на 4 континенти.
www.kongskilde.com
Компанија со повеќе од 45 годишно искуство,која нуди широк ранг на апаратура за контрола на температура, загревање на калапи од 10°C до 350° C, како и за ладење на калапи /chillers/. Висококвалитетни производи и услуги се клучните зборови и филозофијата на Boe-therm, која е распространета на сите континенти во повеќе од 30 земји.
www.boe-therm.com.dk
Иновативна, интернационална компанија која произведува најразлични форми на алуминиумска и термоизолирана пластична амбалажа за во прехрамбената индустрија. Основана во 1963, Plus-pack е присутна во 7 земји во Европа, има преку 300 вработени и е еден од топ снабдувачите на алуминиумска и пластична амбалажа во прехрамбената индустрија. Со своите капацитети во Данска и Белгија се наоѓа во идеална позиција за снабдување на Европскиот пазар со сигурна испорака, а благодарение на светската дистрибутерска мрежа, присутна е и на сите локални маркети ширум светот.
www.pluspack.com
Marko & Weddel е фирма специјализирана за конструкција на специјални машини за сите гранки во индустријата и медицината. Со професионален стручен кадар и свое производство, од кои производи, најголемиот дел се патентирани.
www.m-w.dk
Основана во 1992 година со главна активност дизајн, производство и продажба на дробилици од 20 kg/h до 1000 kg/h за употреба во пластичната индустрија за процеси како брзгање, екструдирање и дување. Моментално е една од водечките компании од оваа област во Бугарија и пошироко. Развиена е и во светски рамки, а своите надворешни активности ги остварува во земјите од Балканскиот полуостров, Африка, Блиски Исток и земјите од поранешниот Советски Сојуз.
www.vespa-bg.com
Во сите претходно споменати држави имаме мрежа на агенти кои, преку нас, ги застапуваат и презентираат производите на овие компании и вршат нивна продажба. Компаниите кои ги застапуваме се светски познати и распространети на сите делови од земјината топка, што значи нудиме врвен квалитет и услуги.