За нас


 

По повеќегодишно живеење во Данска, пред четири години решивме да се вратиме во Македонија, со идеја во поречкото село Девич, родното место на мојот таткото, да изградиме убава семејна куќа. По четириесет години поминати во странство, желба на сопругот беше да се вратиме што поскоро, додека имаме енергија нешто да создадеме. Прво дојдовме како претставници на Данска фирма за продажба на машини за производство на пластични производи. Набрзо поред продажбата на машини, посакавме да одгледуваме ноеви на фармата. Купивме неколку мали ноеви и бидејќи не можевме да ги продаваме, донесовме даодлука да почнеме со селски туризам. На овој начин почнувме со промовирањето на рурален туризам и од неодамна ги отворивме нашите врати за сите посетители - намерници кои сакаат да уживаат во предностите што ги нудат руралните средини.

Ранчот Мак Викинг Девич – Македонски Брод располага со ресторан и соби за сместување. Ранчот Мак Викинг покрај уживање во природните убавини со прекрасен поглед на планини, река Треска и фарма на ноеви на гостите им нуди специјалитети од ноево месо, спремени на дански начин, риба и други македонски и дански специјалитети. Ресторанот Мак викинг е затворен за секојдневни посетители и гости во сезоната есен-зима, но ранчот е отворен за гости со преноќиште, организирани групи, семинари и други аранжмани ако истите се најавени 48 часа претходно на тел. 045 275 606 или моб.тел.  071 371 169

Резервирајте и уживајте на ранчот, добредојдовте.
.
                                                                  Мирјана и Васо Аврамовски

(c) Copyright MAK VIKING 2008, All Rights Reserved