
По повеќегодишно живеење во Данска, пред четири години решивме да се вратиме во Македонија, со идеја во поречкото село Девич, родното место на мојот таткото, да изградиме убава семејна куќа. По четириесет години поминати во странство, желба на сопругот беше да се вратиме што поскоро, додека имаме енергија нешто да создадеме. Прво дојдовме како претставници на Данска фирма за продажба на машини за производство на пластични производи. Набрзо поред продажбата на машини, посакавме да одгледуваме ноеви на фармата. Купивме неколку мали ноеви и бидејќи не можевме да ги продаваме, донесовме даодлука да почнеме со селски туризам. На овој начин почнувме со промовирањето на рурален туризам и од неодамна ги отворивме нашите врати за сите посетители - намерници кои сакаат да уживаат во предностите што ги нудат руралните средини.
Мирјана и Васо Аврамовски
|